еМагазин
Image default
Локално

Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници

Бесплатен ќе биде паркингот за време на божиќните празници на сите отворени и затворени паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на општина Центар (ЈП ПОЦ).

-По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот, соопшти денеска ЈП ПОЦ.

На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. А редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.

-За време на божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време, се наведува во соопштението.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Украдени 200 литри дизел од булдожерот кој ги чистел патиштата во Маврово

Редакција

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Редакција

Најмладата има 37 години: Три жени пронајдени починати во оделни случаи во Аеродром и Средно Коњари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница