еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник

И по вчерашното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7.077 гласачи.

Од таму додаваат дека на гласањето правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.

На Локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7.317, а го остварија 25,77 отсто.

Изборниот ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија.

Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се продава деловен простор, возила…

Редакција

Судскиот совет одлучи Обвинителството да го преземе случајот во кој од Македонски телеком Фокуснет од Штип бара 4 милиони евра

Редакција

Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не бара помош од Кина, велат од Кремљ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница