еМагазин
Image default
Бизнис

Војдан Јорданов назначен за извршен директор на „Триглав Осигурување“

Одборот на директори на „Триглав Осигурување“ АД Скопје го назначи Војдан Јорданов за извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје, со мандат од четири години, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на „Триглав Осигурување“ АД Скопје на својата 174-та седница, одржана на 19.02.2021-та година, го назначи Јорданов за извршен член на Одборот на директори.

Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 01.04.2021-та година, односно од денот на дадената согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување за Јорданов за вршење на функцијата член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Јорданов доаѓа од позицијата претседател на Управниот одбор на „Триглав пензиско друштво“ АД Скопје, a својата професионална кариера ја гради во областите ревизија, сметководство, финансии, управување со задолжителни и доброволни фондови и слично.

Функцијата главен извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје, и понатаму продолжува да ја врши Ѓорѓе Војновиќ, додека мандатот на Рок Пивк за функцијата извршен директор истече на 30.03.2021 година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прометот во индустријата лани зголемен за 13,5%

Редакција

Во март завршува договорот со ОКТА: До јули 2019 година ќе се применува актуелната методологија за цената на нафтените деривати

Редакција

Регистрирани четири случаи на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница