еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар четворица оздравени и еден починат од Ковид-19

Опасниот коронавирус однесе уште една жртва во Дебар. Станува збор за 54-годишен маж од градот, кој почина во болнички услови. Беше хоспитализиран подолго во здравствена установа во Скопје.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје тој е 14-та жртва од Ковид-19 во ова подрачје. Гледано по општини шест починати лица се од Дебар, додека остантите од општина Центар Жупа.

„Во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени останува 276. Во исто време четворица ја добиле битката со опасниот вирус или вкупно 224 лица. Активни на болеста се 36 лица“, потврдуваат надлежните.

Додаваат дека поголемиот број од активните болни се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница во Дебар.

Имајќи го во предвид бројот на лицата кои се јавуваат во Општата болница во Дебар со симптоми на опасниот вирус, секако тука и масовното непочитување на мерките за заштита, посебно од страна на младата популација, надлежните очекуваат бројот на новозаразени да расте.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 45 заразени со Ковид-19 од 552 тестирања, најмногу во Скопје

Починаа седум лица од Ковид-19, помеѓу нив и 23-годишниот пациент од Свети Николе

Убава вест: Оздравени 86 заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски очекува нов предлог за министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

До 5 јули припадници на Армијата и МВР ќе бидат ангажирани во затворот Идризово

Редакција

Министерот Дураки жали што не се изразил јасно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница