еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар еден починат, 34 хоспитализирани од Ковид-19

Како последица од Ковид-19 во дебарската Општа болница со проширена дејност, почина повозрасна пациентка, жителка на Дебар, што е десетта жртва од опасниот вирус овој месец.

-Пациентката беше хоспитализирана повеќе денови во ковид-центарот во нашата болница, но и покрај сите напори на здравствениот персонал, за жал почина. Денеска како закрепнати се испуштени од нашата установа тројца пациенти па моментно хоспитализирани се 34 лица.

Од нив 26 на кислородна подршка, додека дневно амбулански се лекуваат 20 лица, изјави за МИА, Баки Алили, директор на дебарската болница.

Поради потешка клиничка слика во здравствени установи во Скопје хоспитализирани се тројца пациенти од ова подрачје.

Вкупната бројка на заразени, во оваа и Општина Центар Жупа, од почетокот на пандемијата е 1.226, од кои овој месец 263, а моментно активни на болеста се 192 лица. Во двете општини во домашна изолацијата се над 110 лица.

Алили додава дека непречено се одвива процесот на имунизација, при што само денеска аплицирани се над 200 дози од вакцините Фајзер, Синовак и АстраЗенека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишното момче од Тетово кое почина од Ковид-19 немало никакви коморбидитети, но не реагирало на терапијата

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

355 нови случаи на Ковид-19 од 3.042 тестирања

Редакција

(Галерија) Како изгледа центарот на МВР во Прилеп за чување податоците при терористички напад

Редакција

Доктор Беќаровски со апел: Со укинувањето на сите ковид-мерки, не значи дека треба да престанете да миете раце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница