еМагазин
ЧИСТА ОКОЛИНА

Во Македонија се рециклира помалку од 1% од собраниот пластичен отпад

Во државата не е воспоставен интегриран систем за управување со пластичниот отпад, поради што активностите кои се преземаат во таа дејност, не влијаат на намалување на количеството на создаден пластичен отпад и не обезбедуваат одржлив развој, преку негова преработка.

Не се воспоставени функционална селекција и повратен прием на пластичниот отпад, како основни предуслови за негова преработка. Собраната количина пластичен отпад во државата е мала, а истиот најчесто завршува на депониите.

Ова, како што соопштуваат од Државниот завод за ревиија, е заклучокот од извршената ревизија на тема „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“ со цел да се даде одговор на прашањето: „Дали со пластичниот отпад се управува на начин кој овозможува негово намалување и постигнување на поставените цели?“.

Ревизијата е спровведена согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година, а го опфаќа периодот 2017 – 2019 година, иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2017 година и последователно до денот на известување од извршената ревизија.

Фото: Photo by Nick Fewings on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Нема штетен отпад увезен во државата

Редакција

Истражување за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје: Резултатите ќе бидат готови во ноември

Редакција

(Фото) Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња – нова инсталација од Халкбанк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница