еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.

Се очекуваше оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Мадона со бастун, неможе да ја издржи турнејата

Редакција

Во селото Челопек се трага по наводната прва жртва на пожарите во Македонија

Редакција

ТАВ Македонија и Жан Митрев Клиник со решение за новите рестрикции за патување: Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница