еМагазин
Image default
Бизнис

Во февруари издадени одобренија за изградба на 1.294 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8% повеќе во однос на истиот месец лани.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9.897.768 илјади денари, што е за 258.1% повеќе во однос на февруари минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (56.5%) се наменети за објекти од високоградба, 108 (30.7%) за објекти од нискоградба и 45 (12.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.294 станови, со вкупна корисна површина од 97.659 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Редакција

Поскапуваат горивата

Редакција

На готови делови на автопатот Кичево-Охрид пред Нова година имало 11 свлечишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница