еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Финска се подготвува за влез во НАТО без Шведска

Финскиот Парламент денеска го усвои законот со кој на таа земја и се овозможува да стане членка на НАТО независно од Шведска, односно двете земји да не мора истовремено да станат членки на Алијансата.

Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, но донесува краен рок до кој Финска ќе чека на соседната Шведска истовремено да влезат во НАТО, пишува „Гардијан“.

Финска во мај минатата година поднесе барање за приклучување кон НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да го поддржи приемот на Финска, но не и на Шведска, бидејќи во таа земја има луѓе кои Турција ги смета за припадници на терористички групи.

Финска и Шведска сè уште чекаат одобрение за приклучување кон НАТО и од Унгарија, чиј Парламент денеска почна расправа за ратификација и може да гласа за одлуката во текот на овој месец.

Финскиот претседател Саули Ниинисто минатата недела изјави дека ќе го потпише овој закон, но дека тоа „од практични причини“ може да почека до изборите во април.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела деценија тендери за Универзалната сала: Пари во ветер, објектот пред распаѓање

Редакција

Лани во конфликти ширум светот убиени над 238.000 лица

Редакција

Лидија Георгиевска нов претседател на Вишиот управен суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница