еМагазин
Свет

Во Германија откриена новата мутација на коронавирусот која е позаразна од основниот вид

Во Германија е потврдена новата мутација на коронавирусот, а се работи за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во Берлин, каде е пронајден видот Б. 1.525.

Според компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање на ретки болести, станува збор за вид што е утврден кај примерок од лице со потекло од германската провинција Саксонија.

Инаку, Б. 1.525 е сличен на британскиот вид Б. 1.1.7, но како и јужноафриканскиот и бразилскиот, има мутација на шилестите протеини.

Врз основа на сличноста со позаразниот вид, се претпоставува дека новиот вид е позаразен од основниот вирус.

Инаку, Б. 1.525 веќе е докажан и во други земји како Данска, Италија, Нигерија, Норвешка, Канада, Велика Британија и САД, и сега за прв пат во Германија.

Од почетокот на оваа година, компанијата „Центогене“ го анализира секој позитивен примерок и со секвенцирање утврдува за кој вид се работи.

МИА/Фото:Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 91. година почина поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

Редакција

Италија прогласи вонредна состојба поради зголемениот прилив на мигранти

Редакција

(Видео) Најмалку 12 лица убиени, четворица повредени од незадоволен работник во Вирџинија Бич

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница