еМагазин
Свет

Во Германија три пати повеќе луѓе работат од дома отколку пред пандемијата

Приближно 12 отсто од канцелариските бироа во Германија остануваат неискористени во текот на работниот ден, бидејќи работа на далечина стана норма по пандемијата, соопшти германскиот истражувачки институт – Ифо.

Тој процент е околу трипати поголем во споредба со 2019 година.

Речиси празни канцеларии се најчести во секторите како што се информатичката технологија, рекламирањето и деловното советување.

„Околу четвртина од вработените редовно работат од дома. Некои работодавци одлучија да ги претворат своите празни канцеларии во заеднички работни простори кои ги делат со други, додека други ги намалуваат деловните простории за да заштедат на трошоци,“ изјави истражувачот на Ифо, Симон Краузе.

Според Краузе, ваквиот тренд може да има последици врз пазарот на недвижности, кој веќе е под притисок на повисоките каматни стапки и трошоците за изградба.

Ифо е институт за економски истражувања на Универзитетот во Минхен и спроведува месечни анкети меѓу неколку илјади германски компании на различни теми.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасувачи во Турција, во урнатините пронајдоа два милиони долари и накит

Редакција

Путин предупредува дека судирот на Блискиот Исток може да се прошири

Редакција

Трамп осуден за сексуален напад на новинарка, треба да плати пет милиони долари отштета

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница