еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Во годишниот извештај за Македонија, Европскиот парламент со амандмани против бугарските провокации

Во Годишниот извештај за Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), кој ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре (24 и 25 март 2021) да се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти. Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и од Социјалистите, кои ги поднеле амандманите, јави бугарската агенција БГНЕС, пренесува Мета.

Со амандманите, како што пренесува агенцијата, претставници на бугарската влада се обвинуваат за „провокативни изјави за историски прашања“ што ја засегаат Република Северна Македонија и се „повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, и покрај предизборната кампања во Бугарија“.

БГНЕС побарал и став од бугарските европратеници, а од нив конзервативците Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски се изјасниле дека ќе гласаат против таквите амандмани, додека известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, од Алијансата на либералите и демократите за Европа дава неутрален одговор.

Европратеникот Сергеј Станишев, претседател на Европските социјалисти, пак, не одговорил на телефонските повици и испратените пораки од БГНЕС.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Баба Марица менува 4 автобуси и поминува 14 километри за да го носи внучето во школо за деца со попреченост, ѝ треба помош

Редакција

За првпат се огласи Мухамед Асани, разрешениот директор на болницата во Струга: Мојата совест е многу мирна

Редакција

Елизабета Канческа-Милевска до ВМРО- ДПМНЕ: Јас не сум, предавници се они кои бегаат и не нудат решенија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница