еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во градинка во Белгија тепале бебиња, ги држеле со главата под вода за да престанат да плачат и насилно ги хранеле

Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите пријавиле дека нивните деца биле малтретирани и злоставувани, а дел од вработените дале отказ.

Грозоморните случаи се откриени во градинка во Фландрија, северниот регион на Белгија, открија медиумите. Двомесечно бебе било затворено во кујната затоа што “премногу плачело“, други бебиња и деца биле тепани, некои од нив насилно се држеле под студена вода за да престанат да плачат или насилно им се давало храна.

Идентификувани се случаи на деца кои, кога ставале раце во тоалетот, им се буткала главата во ВЦ школката и се пуштала вода врз нив.

Истрагата е отворена во октомври минатата година, по повеќе поднесени жалби, од родители и од вработени, а инспекции имало во март и април оваа година.

Градинката беше конечно „итно“ затворена минатиот четврток.

Според белгиските медиуми, еден од раководителите во градинката изјавил дека „вистина некогаш ги држиме одзади децата за да им помогнеме да јадат“, одговарајќи на обвинувањето дека насилно се хранеле децата држејќи им ги главите превртени наназад во скутот на „негувателите“.

Политичките партии бараат одговори и темелна истрага и бараат присуство на надлежната министерка на парламентарна седница за прашања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фридом хаус: Македонија бележи демократски напредок, но останува во групата „преодни или хибридни режими“

Редакција

Сите детали: Кината, театрите, балетот ќе работат со 30 отсто од капацитетот на салите

Редакција

Ацковска Тодоровска: Државата треба да даде поголема поддршка за обуки и развој на вештини на младите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница