еМагазин
Image default
Балкан

Во Грција нема да се воведуваат нови забрани и полициски час, дозволена и музика во угостителските објекти

Дополнителните рестрикции, како полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што во Грција се воведуваа повремено, на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, повеќе нема да бидат опција за воведување нови мерки, а во иднина се ќе си функционира регуларно, но со ограничувања за невакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.

Во затворените простори наменети само за вакцинирани лица, односно во угостителските објекти, ноќните клубови, баровите и слично, нема да постојат никакви ограничувања.

Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата, без дополнителни мерки, а новите одлуки на грчката Влада, стапуваат во сила во сабота и ќе се ажурираат секои 15 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефанос Каселакис води во изборот за наследник на Ципрас, ќе има и втор круг

Редакција

Поради тоа што ќе ја подржи Владата на Ципрас, пратеникот Спирос Данелис отстранет од пратеничката група на Река

Редакција

Силен раст на приходите од продажба и профитабилност на Атлантик Група

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница