еМагазин
Image default
Македонија

Во изолација ученици и деца од градинка во Гевгелија

Корона вирусот почна да влегува во училиштата и детските градинки на територијата на Општина Гевгелија.

Градоначалникот Сашо Поцков по седницата на штабот за заштита и спасување информира дека во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, во консултација со епидемиолог, едно одделение е во изолација.

– Во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија,во консултација со епидемиолог, едно одделение отиде во изолација. Во основното училиште во Миравци една наставничка, и покрај тоа што не е позитивна на Ковид-19, остана во превентивна самоизолација, а во училиштето во Негорци еден наставник е во изолација но образовниот процес со физичко присуство на учениците продолжува нормално, рече Поцков.

Тој истакна дека згрижувањето на децата во детските градинки се одвива строго според донесените протоколи за работа, но и таму поради едно заболено дете од градинка во Гевгелија, во изолација заминаа негувателката, воспитувачката и целата група составена од 15 дечиња.

Поцков апелираше до граѓаните дисциплинирано да ги применуваат мерките за заштита од ширење на вирусот, донесени од Владата и Министерството за здравство, особено оние за лична и колективна заштита, како и одржувањето на социјална оддалеченост.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени уште 11 пациенти заболени од корона вирусот, вкупната бројка 1.378

Редакција

Од Ковид-19 починале 18 лица, дополнително пријавени уште тројца

Редакција

24 од новопочинатите од Ковид-19 се со претходни заболувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница