еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Кавадарци, Охрид и Гевгелија има најголем процент на вакцинирани граѓани, во Кичево најмалку

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

„Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%.

Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места: Дебар со 17,3%, Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани, 15,8%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: Ресен 39,8%, Битола 38, 9%, Неготино 38%, Штип 37,2%, Пехчево 36%, Велес 31%, Демир Хисар 30,9%, Берово 30,9%, Скопје 30,8%, Валандово 30,6%, Прилеп 30,3%, Пробиштип 29,7%, Крушево 28,3%, Koчани 25,3%, Свети Николе 25,2%, Делчево 24,9%, Виница 24,5%, Крива Паланка 23,9%, Радовиш 23,2%, Струга 23,1%,  Куманово 21,2%, Струмица 19,4%, Кратово 18,9%, Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%,“ велат од Министерство за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не можеме да живееме затворени, вакцината е измислена да се вратиме во нормала, вели Филипче

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Редакција

Италијанската „ЕОС консалтинг“ го доби тендерот на Град Скопје за надзор на градежни работи вреден 487.000 евра

Редакција

Заев, Јанша и Вархеји: Нема друга опција освен европски Западен Балкан, Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница