еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во кичевската болница има суспектен пациент со мајмунски сипаници, дадена е препорака за тестирање

Министерство за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

„Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент, кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање.

Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета. До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Детален преглед: Македонската берза стави 12 компании на „листа на набљудување“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница