еМагазин
Македонија

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот.

Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица.

-Во текот на денот се тестираат и други лица кои се вработени во штипската компанија, а за кои се очекуваат резултатите. Според досегашното искуство, можно е бројот на новозаболени да се покачи, информираа од кочанскиот Центар за јавно здравје.

Досега во кочанскиот регион беа евидентирани вкупно 31 заболен од Ковид-19, а пред две дена успешно заврши лекувањето на последниот пациент кој беше позитивен на вирусот.

Во почетокот на април почина 40-годишен маж како последица на болеста. 

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Текстилните работници од Штип кои користеле автобуски превоз да се јават на матичен лекар ако имаат симптоми на корона вирусот

Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица

Четири новозаразени текстилни работнички во Штип, вкупната бројка од истата конфекција се зголеми на 10

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иницијативата за Законот за амнестија денеска пред уставните судии

Редакција

Уште две лица во гостиварско позитивни на корона вирусот: Горња Бањица потенцијално жариште

Редакција

25-годишен Велешанец повеќе од една година продавал за сексуални услуги 14-годишно девојче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница