Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесува 36.286 денари.
Според податоци на ДЗС, највисоката просечна нето-плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 91.970 денари, следи Останати стручни, научни и технички дејности – 61.687 денари, па Производство на машни и уреди, неспомнати на друго место – 60.198 денари, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, 56.847 денари и Финански услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 53.262 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јули
Просечната нето-плата во јули 36.286 денари