еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат 123 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 123 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 14 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 8 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 194 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој нема да одговара за бегството на Сашо Мијалков, одлучи Обвинителство

Редакција

(ВИДЕО) Сузбиена меѓународна криминална група за трговија со дрога, приведени 10 лица, запленета дрога вредна над 200.000 евра

Редакција

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница