еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има еден нов хоспитализиран пациент, а вкупно се лекуваaт 30

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 30 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекува еден пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 18 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 10 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.581

Редакција

Алтернатива, Беса и Демократско движење заедно на престојните избори

Редакција

Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница