еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти, а вкупно се лекуваaт 262

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 74 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 92 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворен ковид центрoт на Клиниката за Гастроентерохепатологија“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело

Редакција

Корупција во владините редови, пренатрупани затвори, закани за новинарите: Што пишува во Извештајот на Стејт департментот за Македонија

Редакција

Пендаровски со остра реакција за пресудата за ИРЛ: Не смее да има обиди за регулирање на новинари и медиуми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница