еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекуваaт 289

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежи 91 пациент, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација нема пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски нема да оди на отворање на македонскиот клуб во Благоевград, не бил поканет

Редакција

Компании донираа регулатори за боците за кислород на штипското Инфективно одделение

Редакција

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница