еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 476

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 11 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за неврологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден пациент на Кожната клиника и шестмина на ТБЦ.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 8 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 45 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 21 болен.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупно 476 пациенти потврден и сомнителн за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невладините организации бараат враќање на своите работни места на свиркачите Лазаревски и Костовски

Редакција

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Редакција

Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100, вели Јолевски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница