еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со кого ќе се сретне Урсула Фон дер Лајен утре во Скопје

Редакција

Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела

Редакција

Застојот во заедничката Комисија настана кога Бугарија ја усвои рамковната позиција, вели македонскиот копретседател Ѓоргиев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница