еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 63 пациенти, а вкупно се лекуваaт 520

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 63 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 28 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 17 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти.

На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Анкара го условува Скопје на патот кон НАТО

Редакција

Убава вест: Две лица од Штип кои се лекуваа во домашни услови, оздравеа од корона вирусот

Редакција

МНР со апел да се избегнуваат патувања во Нигер, еден македонски државјанин побарал помош за евакуација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница