еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески и Пешевски на суд: Во Кривичен нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Траекторија“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Минатото рочиште за предметот „Траекторија“ беше одложено за адвокатот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски да може да се подготви за предметот.

Во „Траекторија“, освен Никола Груевски, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште не е завршен стручниот надзор за смртта на пациентката од Штип, ДСЗИ повика на трпеливост

Редакција

Османи сведочеше за “Монструм“: Беше многу важно судењето да се повтори, бидејќи граѓаните не веруваат

Редакција

Политичарите ја злоупотребија Комисијата за историски прашања со Бугарија, велат нејзините поранешни членови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница