еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен продолжува судењето за организаторите на 27 април

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.

На минатото рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски читаше делови од записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.

Одбраната на Вељаноски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борис Кондарко повторно претседател на Државната изборна комисија

Редакција

Мицкоски ја поднесе иницијатива за референдум до ДИК, на еден трошок побара и предвремени избори

Редакција

44 се реинфекции: 277 нови случаи на Ковид-19 од 2.635 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница