еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен суд рочиште за „Титаник“ без Груевски

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил.

Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно, бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот попладне тој се бара и со потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 93 лица починале од Ковид-19, во Скопје 40

Редакција

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Редакција

Пендаровски од Собранието: Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака кон опозицијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница