еМагазин
Свет

Во Лондон прогласена вонредна состојба поради „омикрон“, нагло се зголеми бројот на заболени и хоспитализирани

Градоначалникот на Лодон, Садик Кан прогласи вонредна состојба во градот, откако нагло се искачи бројката на хоспитализирани луѓе во главниот град на Велика Британија, со симптоми на Ковид-19.

Во медиумите се наведува дека забрзаното ширење на сојот омикрон е главната причина за зголемувањето на заразата, а градските власти биле приморани да реагираат, бидејќи во болниците било тешко да се пронајде слободен кревет, а воедно и голем број на луѓе вработени во јавните претпријатија на Лондон биле оневозможени да се појават на работните места, бидејќи биле заразени.

Се очекува Кан во наредните денови да излезе со план за функционирањето на милионскиот град во вонредни услови.

Засега пабовите се отворени, но во нив повторно ќе треба да се носи маска и да се држи дистанца.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Прв сериски убиец на Кипар: Војник уби седум жени, меѓу кои и осумгодишно девојче

Редакција

Уапсени десетици пратеници и новинари за време на руски опозициски форум

Редакција

Путин подготвува одговор на санкциите од Западот со забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница