еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Македонија 105 лица починале од СИДА, во октомври заразени две момчиња

Денеска се одбележува 1 декември – Светскиот ден на борба против СИДАТА, вирус што според светските здравствени власти не треба да се занемари поради пандемијата од корона вирусот бидејќи се забележува зголемување на бројот на случаи во светот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во текот на октомври, годинава пријавени се 2 нови случаи на ХИВ во Македонија.

Пријавените лица се од машки пол, а припаѓат на возрасната група 20-29 години. Според местото на живеење, регистрираните се од Скопје. Пријавен е еден смртен случај од СИДА, на 41 годишна возраст, и со место на живеење од Скопје.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.10.2020), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во земјава за периодот 1987–2020 година изнесува 495.

Од вкупниот број на досега регистрирани случаи за кои има податок 105 лица починале, а 388 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, но, зошто не го направивме тоа е главното прашање

Редакција

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивен на Ковид–19

Редакција

Убава вест: Рекордни 534 новооздравени од корона вирусот, во Скопје 353

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница