еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Македонија воведена нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење

На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

– Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем, кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност, посочи Филипче.

Овој систем, како што наведува, веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија.

-Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода, наведува министерот за здравство.

Во операцијата, како што посочува, на Филипче му асистирале неговите колеги неврохирурзи д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Редакција

Научници од Крагуевац развија лекови за рак кои не ги оштетуваат здравите ткива

Редакција

Земјотрес од 3,4 степени во Скопје, вознемири дел од граѓаните на повисоките катови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница