еМагазин
Image default
Бизнис

Во март најмногу станови почнале да се градат во Струга

Во март годинава се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11,3 проценти повеќе во однос на март лани, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.589.059.000 денари, што е за 21,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (53 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 108 (26 проценти) за објекти од нискоградба и 87 (21 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 415 објекти, на 229 (55,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 (44,8 проценти) од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови со вкупна корисна површина од 53.346 метри квадратни.

Во Југозападниот регион ќе се градат 186 станови, а најмногу, 153, во Струга, по што следи Полошкиот со 110 станови, па Скопскиот со 97, од кои 39 во Општина Карпош, а 39 во Општина Центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Озонвеј“ вреден 3,5 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница