еМагазин
Image default
Македонија

Во Маврово еден метар снег

Сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.

Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 см, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри.

Најстудено изутринава е во Скопје, Крива Паланка, Крушево и Маврово со минус осум степени.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините.

Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „подели“ апанажа: Кои се функционерите кои ќе земаат плата иако се разрешени?

Редакција

Oсумчлено семејство од Македонија се евакуира од Судан

Редакција

Изречени 660 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница