еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Во Националниот парк Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Македонското еколошко друштво (МЕД) со Националниот парк „Маврово“, на 24 февруари со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра во близина на селото Ростуше.

Како што соопштуваат од Друштвото, се работи за рисица на возраст од шест до седум години, тешка 15 килограми, и е здрава и витална. Рисицата е крстена Лиса, и е третата женка означена со околувратник во досегашните мониторинг сесии на МЕД.

Околувратникот ќе обезбеди нови информации за распространувањето и однесувањето на ова критично загрозено животно.

-Во постапката за успивањето на животното и земањето биометриски податоци и примероци асистираше претставник од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, биолог вработен во НП „Харц“, Германија како и вработени во Националниот Парк „Маврово“, информира МЕД.

До сега со радиотелеметрија и GPS лоцирање се заловени девет различни единки рис во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.

На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус.

Фото: МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им ги краделе автомобилите пред очи: Четири лица преку измама се стекнале со имотна корист од над 5 милиони денари

Редакција

Општина Кавадарци склучи договор со „Бошкоски и Тошески инженеринг – теракота„ вреден 482 илјади евра

Редакција

Отец Оливер Петровски е прогласен за „Маж на годината според социјалните медиуми“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница