еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во ниедно сценарио нема да се случи удар на курсот на денарот, вели поранешниот министер за финансии Поповски

Ќе останеме во зоната на умерена инфлација и нема сценарио во кое може да има удар врз курсот на денарот, смета универзитетскиот професор Никола Поповски, поранешен министер за финансии и член на Советот на Народната банка.

Тој во вчерашното гостување на емисијата „24 анализа“ посочи дека инфлаторните притисоци се застапени секаде – во Еврозоната, во Германија како нејзина најголема економија, во Соединетите Американски Држави, каде инфлацијата е околу 7 проценти.

Нагласи дека нашата економија е само мал остров во океанот и дека поскапувањата се резултат на она што се случува глобално.

Според Поповски, нема сценарио во кое може да се зборува за девалвација на денарот.

-Нашата инфлација веројатно до крајот на годината ќе се намали. Ударот беше јануарски, поради еднократното зголемување на цените на електричната енергија и парното.

Девизните резерви се на високо ниво, на тоа упатува и извештајот на ММФ, каде се тоа се квантифицира. Во услови на врзан курс со еврото, ние ги имаме сите инструменти кај нас на располагање, па дури и кога има инфлација.

Оваа е умерена инфлација. И во теоријата кога е едноцифрена инфлацијата, таа е умерена. Ние ќе останеме во зоната на умерена инфлација, оцени Поповски.

Како предизвици кои доаѓаат за ценовните движења, Поповски ги посочи и развојот на руско-украинскиот конфликт, како и одмрзнувањето на цените на храната, која беше привремена мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескалацијата на состојбата во Укрина ќе удри и по македонскиот џеб

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски нето плати во февруари

Редакција

Владата донесе одлука: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Редакција

Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до денеска: Може да се добијат субвенции и до 20.830 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница