еМагазин
Македонија

Во образовните установи во Тетово има 31 лице со Ковид-19

Во училиштата и градинките во општина Тетово се евидентирани 31 заболено лице од Ковид-19, соопшти Кризниот штаб.

Пред една недела штабот препорача, а денеска донесе одлука сите наставници кои имаат онлајн-предавања, наместо од училиштата да работат од дома.

-Во градинките „Младост“ во Тетово, воспитно-образовниот процес во моментов го посетуваат вкупно 312 деца, додека три воспитувачи се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација.

Во основните училишта 11 наставници и пет ученици се позитивни на вирусот и како резултат на тоа, пет одделенски групи се во изолација.

Во средните училишта на општина Тетово, каде наставата се одвива од далечина, на 12 наставници им е дијагностициран позитивен ковид-тест, информираа од Кризниот штаб.

Од таму потенцираа дека Тетово бележи врв на есенскиот бран со Ковид19 и има зголемување на бројот на заразени.

„Многу е важно во наредниот период да покажеме висока одговорност и граѓанска свест. Предизвикот со кој се соочуваме бара да бидеме што е можно подисциплинирани, имајќи предвид дека ова не е единствената глобална здравствена криза со која се соочува целиот свет и ние.

Новите мерки за заштита што доаѓаат од надлежните органи и кои сите мора да ги почитуваме без исклучок,“ истакна градоначалничката Теута Арифи

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КОД: Сопственикот на „Беса Транс“ два пати бил на распит во бугарското Oбвинителство, за македонските органи останува недостапен

Редакција

Заев дознал за „бомбите“ од Верушевски, најприслушувани биле тој и Црвенковски

Редакција

(Видео) Ковачевски и Груби во авион со фудбалерите: Владата ќе издвои половина милион евра, ако македонската фудбалска репрезентација се пласира на Светско првенство

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница