еМагазин
Image default
Спорт

Во Охрид се снима спот за историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство

На повеќе атрактивни локации низ Охрид се снимаа кадри за промотивниот спот за историскиот прв пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Навивачката химна „Одиме на Европско“ се снима на локации низ градот и на пловни објекти на езерото. Организаторот и продуцент на снимањето вели дека за разлика од други проекти, овојпат воопшто немало проблем со наоѓање стратисти за снимањето, напротив имало многу заинтересирани да бидат дел од проектот.

Снимањето во Охрид е петти ден од почетокот на проектот, досега со екипата од „Мелем продукција“ се снимаше во Свети Николе, Велес, Крушево и Битола.

Снимањето на спотот ќе продолжи и во Гостивар и Маврово, а ќе заврши во Скопје.

МИА/Фото: Фејсбук/Фудбалска федерација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри во посета на МОК

Редакција

Чифлиганец и Бузалковски со победи во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканскиот шампионат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница