еМагазин
Image default
Бизнис

Во октомври издадени 373 одобренија за градење, помалку за 26,7% од лани

Во октомври 2022 година се издадени 373 одобренија за градење, што е за 26,7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Предвидената вредност на објектите изнесува 14.404.949 илјади денари, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

„Зголемената вредност е резултат на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка, кое е со вредност 9.534.439 илјади денари,“ појаснуваат од ДЗС.

Според податоците на ДЗС, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (49,6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 127 (34 проценти) за објекти од нискоградба и 61 (16,4 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 373 објекти, на 195 (52,3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 699 станови, со вкупна корисна површина од 58.180 квадратни метри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ за 2,5 пати

Редакција

Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата

Редакција

96,6% од потрошената струја во август, била од домашно производство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница