еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во октомври температурите повисоки за 2,4 степени, 19 дена било над 20 степени

Деветнаесет дена во октомври биле со температура над 20 степени, а средномесечните просечни температури се повисоки за 2,4 степени во однос на просекот од 1981 до 2010 година. Месецот бил потопол и енормно сув.

Од УХМР наведуват дека средната месечна температура варирала од 10,8 Целзиусови степени во Маврово и Берово до 17,4 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура е измерена на 1 октомври во Гевгелија од 32,6 степени, средната максимална варирала од 18,8 степени во Маврово до 27 степени во Гевгелија.

Најниската минимална температура е измерена на 28 октомври во Берово минус 2,8 степени.

Средната минимална температура се движела од 3,2 степени во Берово до 10,7 степени во Гевгелија.

Во октомври месечната сума врнежи варирала од 3 милиметри во Скопје на Зајчев Рид до 28 милиметри во Гевгелија.

Максималната дневна сума врнежи од 15 милиметри била регистрирана во Гевгелија на 31 октомври.

Споредено со октомвриската просечна вредност, измерената месечна сума на врнежи била 50 милиметри или 82 отсто помала од просекот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Kani houses“ ново хит место во Лешок

Редакција

Скопски Аеродром има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Куманово, Штип и Тетово

Редакција

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница