еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вo понеделник дожд, во вторник значително пониски температури

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, в понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

-Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, најавува УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 534 болни од Ковид-19

Редакција

Малку ли Ви се 222 починати за да почнете да верувате дека корона вирусот постои и да ги почитувате мерките?

Редакција

Седум пациенти починаа од корона вирусот во изминатото деноноќие, вкупно до сега 328

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница