еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена 614 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.014, починати 10 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 19.08 до 21.08.2022 година) направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово – 21, Гевгелија – 18, Гостивар и Кочани – по 16, Струга – 13, Тетово – 12, Штип – 11, Радовиш – 10, Велес, Кичево и Крива Паланка – по 9, Делчево – 6, Виница и Пехчево – по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово – по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар – по 3, Демир Капија – 2, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 505, Битола – 81, Кавадарци – 61, Тетово – 45, Куманово – 42, Прилеп – 34, Велес – 32, Гостивар и Штип – по 25, Неготино – 24, Струмица – 22, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Делчево – 11, Берово – 10, Ресен – 9, Кратово – 8, Кичево – 7, Охрид – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Радовиш, Виница и Демир Капија – по 4, Крушево – 3, Струга – 2, Пехчево, Демир Хисар, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите три дена (19.08 – 21.08.2022 година) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп се закани со 200% царини за алкохолот, како возврат за 50% од ЕУ за вискито

Редакција

И Костадинов дојде за панихидата за Мара Бунева во Скопје и “испрати“ честитка од вториот бугарски главен град

Редакција

Буџетот за 2022 година „тежи“ 4,4 милијарди евра: Еве за што ќе трошат нашите пари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница