еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во последните три месеци од 2018 година починале 48 доенчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 5 % и изнесува 5.597 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 9.1 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.405 лицa, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 192, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.4 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3.261 брак.

Во ова тримесечје се добиени 442 извештаи за разведени бракови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви сè струки нуди средното стручно образование, во кои општини и кои компании ќе нудат пракса за учениците?

Редакција

(Фото) Убиениот во Чаир е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на поранешен функционер на ДУИ

Редакција

Доаѓа студен бран: Во среда и четврток температури до минус 11 степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница