еМагазин
Локално

Во пожар во крушевско изгореа два автомобили, плевна, трактор…

На 30.08.2018 година околу 17,00 часот било пријавено дека во с.Нерово-крушевско, избувнал пожар во плевна сопственост на С.Ј.(63), и изгорело околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“ (делумно изгорен), патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15.000 евра, информира МВР.

Во 19,00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани.

Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опожарен „Пасат“ на штипјанец

Редакција

Поради негативни коментари, Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии од седење дома

Редакција

Жител на Велешта со нож го нападнал началникот на Полициската станица во Струга, кој заврши во болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница