еМагазин
Бизнис

Во пресрет на Велигден: Италијанците купуваат македонско јагнешко по багателни цени

Дебарските јагниња и годинава ќе завршат на италијанската велигденска трпеза. Сточарите од општините Дебар и Центар Жупа располагаат со околу 20 илјади јагниња.

„До сега се откупени над 18.000 од „Полог“ – Гостивар и „Стокопромет“ –  Скопје. Продолжува традицијата тие главно да бидат извезувани за Италија. Останатиот процент јагниња, сточарите ќе ги чуваат за продажба на локалните жители за Велигден, Први мај и Ѓуровден“, вели претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме.

Тој, сепак, го нагласува незадоволството на сточарите од откупната цена која изнесувала 135 денари за килограм жива мера. За разлика од  пред неколку години кога цената беше 180 денари, додава, последните пет години бележи континуирано намалување.

„Во немањето друг излез сточарите ја прифаќаат цената иако се свесни дека не е обејктивна. Сепак, голема подршка за нас се секако субвенциите што ни ги дава државата“, нагласува Аме.

Сточарите од двете општини од овој регион располагаат со повеќе од 35.000 грла ситен добиток.

МИА/Фото:Neston farm

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговскиот спор меѓу САД и Кина може да прерасне во светска војна

Редакција

ТАВ, Кроација ерлајнс и туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија ја презентираа авиолинијата Скопје-Сплит на македонските туристички агенции

Редакција

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница