Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а еден пациент оздравел.
На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 12 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирусот.
Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти, кои се негативни на Ковид-19. Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.
На 13 граѓани, последниве два дена, им се изречени прекршочни казни за неносење заштитни маски.
МИА/Фото: Општина Прилеп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Четворица новопочинати од корона вирусот, вкупно 126