еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Во рамки на Отворен Балкан нема да има забрана за промет на брашно, шеќер, масло и основни прехранбени производи

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Македонија, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Склучивме договор, кој сега се подготвува и ќе биде потпишан во Белград на следниот самит, веќе во септември, дека во рамките на Отворен Балкан нема да има забрани за трговија со брашно, шеќер и основни прехранбени производи, дека ќе таргетираме капацитетите за складирање и производство во сите три земји, за да можеме да ја дефинираме подготвеноста да има слободен проток на стоки, рече Чадеж за РТС.

Тој додаде дека ваквиот договор ќе ги поттикне и стопанствениците да склучуваат долгорочни договори, бидејќи го имаат зборот на државата дека нема да има прекини, а ја содржи и одредбата дека е забранет реекспорт, за да се спречат манипулации.

Чадеж додаде дека се укинуваат даноците и таксите за увоз и извоз со Албанија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И тие што се вакцинирале во Србија ќе можат во Македонија да добијат зелен пасош

Редакција

Мицкоски објави фото: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва, итно да биде приведен од Спасовски и МВР!

Редакција

„Винт“ го доби тендерот на ГТЦ за замена на осветлување вреден 594.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница