еМагазин
Image default
Македонија

Во штипскиот ковид центар расте бројот на тешки случаи, од Ковид-19 починаа две лица

Во штипскиот ковид центар битката ја загубија двајца пациенти на возраст од 50 и 63 години од Берово и Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека денеска на болничко лекување се вкупно 58 пациенти.

Но, лекарите велат дека загрижува фактот што расте бројот на случаи со потешка клиничка слика и имаат 40 пациенти на кислородна поддршка.

Недостигот од слободни места се очекува да се ублажи кон средината на оваа недела кога треба биде пуштена во употреба модуларната болница, со 47 кревети.

Во источниот регион во моментот има околу 1.100 активни случаи.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 1.753 оздравени од Ковид-19

Редакција

МВР врши претрес во Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

Снимките кои Милошоски ги достави до Русковска дадени на вештачење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница