еМагазин
Image default
Македонија

Во Скопје и во Софија има групи кои работат да не се постигне компромис, вели Бучковски

Можен е договор меѓу Скопје и Софија за време на француското претседателство со ЕУ, но има групи и во двете земји кои работат да не се најде компромис, вели во интервју за бугарската телевизија Нова, поранешниот македонски премиер и специјален претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

– Бугарија и Северна Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Климата за преговори сега е подобра. Има шанса за договор следниот месец. Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис и договор меѓу нашите две земји, рече Бучковски.

Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје станувале сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и желбата на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на резултатите од пописот во С Македонија, Бучковски посочува дека разликата во издадените пасоши и бројот оние кои се изјасниле како Бугари се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и тие луѓе повеќе не се во државата.

– Верувам дека сите кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа, вели Бучковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземени се мерки за службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи меѓу Скопје и Софија, вели Ковачевски

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Положани: Пропустите се човечки, веднаш почнав со комплетирање на анкетниот лист за имотната состојба

Редакција

Холандскиот амбасадор не гледа политичка волја за промена во Македонија и праша каде отишле парите на европските даночни обврзници

Редакција

За една недела 39 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница