еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Словенија притворен Хрватот Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Хрватот Даниел Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“, по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, каде се наоѓа во екстрадициски притвор, пренесува Телма.

Телма дознава дека тој бил упасен пред три дена, а од Министерството за правда повеќе детали најавуваат за утре.

Иако тој се бараше по меѓународна потерница распишана од судот во Македонија, останува нејасно дали ќе се бара екстрадиција за него, бидејќи тој не е македонски државјанин.

Во отсуство на Иванагиќ, судија на претходна постапка пред три месеци му одреди мерка притвор која требаше да се активира по неговото пронаоѓање.

Иванагиќ и основачот на „Интерхолдинг“, Денис Фудуруќ, по кого сè уште се трага, се осомничени во случајот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој од нив, според македонското Обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, нарачал изработка на физибилити студија за реструктурирање на „Македонска пошта“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугари организираат собир за поддршка на Македонија пред Француската амбасада во Софија

Редакција

За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно, апелираат од РСБСП

Редакција

83 нови случаи на Ковид-19 од 700 тестирања, во Скопје 44

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница